Шумски пожар избувна во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна. Поради тоа, преминот превентивно и привремено е затворен, најверојатно поради чадот, јави дописничката на МИА.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.
Инфографика - Активни пожари во Северна Македонија на 16 јули 2024
Извори од противпожарната служба на Грција за МИА велат дека пожарот е во тек и е во непосредна близина на границата.