Руските пратеници во државната Дума, на 6 мај го одобрија предлог законот со кој ќе им се забрани на луѓето кои се наоѓаат на руската контроверзната листа на „странски агенти“ да учествуваат на федерални, регионални и локални избори.
Предлог-законот беше предложен од група пратеници откако неколку опозициски политичари кои беа означени како „странски агенти“ ги објавија своите планови да се пријават за општинските избори во Москва закажани за септември.
Русија ги користи своите таканаречени закони за „странски агенти“ во изминатата деценија за да ги етикетира и казнува критичарите на владините политики.
Видете и ова: Москва со предупредување до американската амбасада, уште три организации прогласени за „непожелни“Предлог-законот беше усвоен едногласно од сите пратенички групи во рускиот парламент.
Според документот, руските граѓани означени како блиски со „странските агенти“ ќе треба да наведат информации за ова во сите материјали за изборната кампања.
Дополнително, на „странските агенти“ ќе им се забрани да извршуваат функции во државните и општинските органи и да бидат членови на изборни комисии.
Законот, исто така, предвидува предвремено престанок на овластувањата на „странските агенти“ во владините тела. Тоа ќе се случи 180 дена по стапувањето на сила на законот, под услов дотогаш да не му биде укинат статусот на сопственикот во регистарот.
Законот за „непожелна организација“, усвоен во 2015 година е регулатива поддржана од Кремљ за невладините организации кои добиваат финансирање од странски извори. Ознаката се применува на десетици странски групи, откако Москва почна да ја користи класификацијата и ефикасно да забранува организации.