Претставници на Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација, се во Каиро на разговори за евентуален прекин на огнот во Газа и ослободување на некои од заложниците, изјави претставник на Хамас за Ројтерс. На преговорите е присутен и директорот на американската Централна разузнавачка агенција.
„Денешните резултати ќе бидат различни. Постигнавме договор за многу прашања, остануваат уште неколку“, изјави извор од египетските безбедносни сили за Ројтерс.
И палестински функционер за Ројтерс изјави дека овој пат ситуацијата изгледа подобра.
Катар и Египет учествуваат во преговорите за прекин на огнот, кој накратко беше постигнат во ноември. Преговорите се во застој, пишува Ројтерс, поради барањата на Хамас да се обезбеди крај на седуммесечната израелска офанзива врз Газа.
Видете и ова: Иран воведе санкции против фирми и поединци од САД и Велика БританијаХамас инсистира на тоа дека договорот вклучува конкретна посветеност за завршување на војната, но Израел не е подготвен да се согласи на тоа додека Хамас е во Газа. Според Би-Би-Си, сегашните преговори може да опфатат 40-дневен прекин на огнот, ослободување на заложниците и палестинските затвореници од затворите во Израел.
Египет се обиде да ги оживее преговорите и минатиот месец, вознемирен од можниот израелски напад врз Рафах, град на југот на Газа во близина на границата со Египет, во кој живеат повеќе од милион Палестинци. Израелскиот напад на овој дел може да нанесе огромен удар и на хуманитарните операции во Газа.
Војната започна откако Хамас започна напад во јужен Израел на 7 октомври во кој загинаа 1.200 луѓе и зедоа 252 заложници. Израел потоа започна напади врз Газа, а повеќе од 34.600 Палестинци беа убиени, според Министерството за здравство на Газа.