Папата Франциск во интервју рече дека Украина, соочена со можен пораз, треба да има храброст да преговара за крај на војната со Русија.
Тој додаде дека земјата не се срами да седне на иста маса со Русија за да води мировни преговори.
Папата го упати својот апел за време на интервјуто снимено минатиот месец со швајцарската телевизија RSI, кое беше делумно објавено на 9 март.
Видете и ова: Состанок на украинската одбранбена група на 19 мартУкраина останува цврста да не се ангажира директно со Русија на мировните разговори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неколку пати рече дека иницијативата во мировните преговори мора да ѝ припадне на земјата која е нападната.
Русија започна целосна инвазија врз Украина во февруари 2022 година.