Аеродромот во Белград отворен за сообраќај, дојавите за бомби биле лажни

илустрација

Белградскиот аеродром „Никола Тесла“, синоќа, од 22:30 часот, повторно е отворен за авиосообраќај, соопштија службите на аеродромот.

Радио телевизија на Србија (РТС) објави дека извештаите за бомби биле лажни.

Околу 19 часот и 15 минути на белградскиот аеродром пристигнала дојава за поставена бомба, по што била извршена контрадиверзантска проверка, а патниците биле евакуирани.

Претходно, црногорската авиокомпанија „Ер Монтенегро“ соопшти дека сообраќајот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е во прекин поради дојава за бомба во авионот на компанијата.

Според соопштението објавено на сајтот на Радио и телевизија на Црна Гора, дојавата за бомбата се случила додека авионот бил на земја.

А авиокомпанијата „Визер“ објави дека дојавата е добиена на летот на авионот на таа компанија за Барселона.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како патниците набрзина излегуваат од авионот додека стјуардесите им велат да го остават багажот во кабината и да излезат надвор.