Руските милијардери Андреј Баронов и Ратмир Тимашев се последните кои влегле во листата на милијардери кои се откажале од своето руско државјанство откако Москва ја започна својата неиспровоцирана тековна инвазија врз Украина во февруари 2022 година, објави американското економско списание Форбс.
Според Форбс, Баронов и Тимашев сега се државјани на Кипар. Баронов живее во Швајцарија а Тимашев во САД.
Видете и ова: Како две години војна во Украина ја променија Централна АзијаБаранов во изјава за Форбс истакнал дека ја критикувал војната, велејќи дека таа му предизвикала „длабоко страдање“. Тимашев не сакал да коментира.
Претходно милијардерите Василиј Анисимов, Тимур Турлов, Рубен Вардањан, Јуриј Милнер, Николај Сторонски, Олег Тинков и Игор Макаров се откажале од своето руско државјанство во периодот по февруари 2022 година.