Специјализираниот суд во Украина го прифати барањето на обвинителите за борба против корупцијата и донесе одлука да го стави во притвор поранешниот шеф на специјалната агенција за комуникации во земјата, одредувајќи му кауција од 687 000 долари.
Јуриј Шчихол, началникот на украинската Државна служба за специјални комуникации и заштита на информации, беше отпуштен од владата на 20 ноември кога официјално беше прогласен за осомничен во истрагата за проневера на 1,72 милиони долари.
Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата во Украина (САП) и Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) во соопштение, информираа дека Шчихол е еден од шесте осомничени во истрагата за купување на информациски системи наменети за создавање мрежа на заштитени податоци во 2021 година.
Обвинителството на 22 ноември објави дека антикорупцискиот суд се согласил да го задржи Шчихол во притвор.
Претходно, на 22 ноември, обвинителството за борба против корупција, објави дека антикорупцискиот суд, исто така, одлучил да го задржи во притвор наводниот организатор на измамничката шема, во врска со купувањето информациски системи, чија кауција беше одредена на 1.375 милиони долари.
Видете и ова: Украина и сојузниците разговараат за подготовките за зиматаОбвинителството не го објави идентитетот на осомничениот, но антикорупцискиот центар на Украина го соопшти дека станува збор за претприемачот Роман Ковал.
Антикорупциските обвинители тврдат дека во периодот од 2020 до 2021 година, Ковал, во дослух со агенцијата на Шчихол, развиле измамничка шема за да ги запленат буџетските средства наменети за набавка на опрема и софтвер.
Според истражителите, договорот за набавка отишол на компанија контролирана од „организатор на криминална мрежа која му доставувала софтвер, со доста поголеми трошоцим, на претпријатието за украински специјални системи, кое е дел од Украинската државна служба за специјални комуникации и заштита на информации“.
Видете и ова: ЕК предложи отворање преговори за Украина и Молдавија, Грузија доби препорака за кандидатски статусНа 4 ноември, претседателот Володимир Зеленски најави нови реформи насочени кон зајакнување на напорите на Украина за пристапување во Европската унија, кои вклучуваат нацрт-закон за зголемување на овластувањата на Националното биро за борба против корупцијата, потег за кој Зеленски рече дека „требало да се спроведе пред неколку децении“.
Во својот годишен извештај за напредокот, ЕУ претходно овој месец препорача отворање на пристапните преговори за Украина, откако таа ќе ги исполни сите услови, но го повика Киев да продолжи да презема цврсти чекори во борбата против ендемичната корупција.