На руските спортисти ќе им биде дозволено со неутрални знамиња да настапуваат на Параолимписките игри во Париз во 2024 година, откако членовите на Меѓународниот параолимписки одбор гласаа против целосна забрана.
Поголемиот дел од членовите на Меѓународниот параолимписки одбор, во петокот на 29 септември, им дозволија на руските спортисти да учествуваат на ова натпреварување без националните знамиња, бои или амблеми, неколку часа откако гласаа против целосна забрана, пренесува АФП.
Русија речиси сигурно ја избегна забраната за учество на Параолимписките игри 2024 година во Париз, откако членовите на Меѓународниот параолимписки комитет на 29 септември гласаа против нејзина суспензија во членството на оваа организација.
Слично гласање е планирано да се случи и за Белорусија, која е партнер на Русија во војната со Украина.
Спортисти од Русија и Белорусија пристигнаа на Зимските Параолимписки игри во Пекинг во март 2022 година, една недела откако Русија ја нападна Украина, и тие беа исфрлени од ова натпреварување еден ден пред официјалното отворање.
Видете и ова: За Русија и Белорусија нема учество на Зимските параолимписки игриМеѓународниот олимписки комитет се залага руските и белоруските спортисти да им се вратат на меѓународните натпреварувања како неутрални без државни симболи се додека не бидат ангажирани во војска или се додека јавно не ја поддржуваат војната.
Комитетот сепак и натаму нема донесено конечна одлука за нивно учество на Олимписките игри во Париз следното лето.
Меѓународните организации и натаму се борат со тоа како да ја санкционираат Русија поради инвазијата на Украина, додека се придржуваат кон принципот на фер-плеј игра и давање на шанса на поединци.