Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 19 септември ја обвини Русија дека спроведува „геноцид“ со киднапирање деца. Тој ова го изјави во својото говор на 78 сесија на Генереланото собрание на Обединетите нации со молба до светските лидери за солидарност.
„Тие деца во Русија се научени да ја мразат Украина и сите врски со нивните семејства се прекинати. И ова е очигледно геноцид“, рече Зеленски.
Зеленски лидери на 200 земји застана облечен во неговиот заштитен знак, маскирна зелена облека ги покани своите колеги на Глобален самит за мир.
„Подготвуваме Глобален самит за мир. Ве поканувам сите вас, сите кои не толерирате никаква агресија, заеднички да го подготвиме самитот“, рече Зеленски.
Тој во својот говор додаде дека Русија, која е постојана членка на Советот за безбедност, не може да и се верува затоа што поседува нуклеарно оружје и се заканува дека може да го употреби.
„Терористите немаат право да поседуваат нуклеарно оружје“, рече тој.
Видете и ова: Бајден- Ни една нација не може сама да одговори на денешните предизвициЗеленски ја обвини Русија дека користи и енергија и храна како начин за притисок врз светот.
„Агресорот вооружува многу други работи, а тие работи не се користат само против нашата земја, туку и против сите ваши“,рече Зеленски.
На овогодинешното заседание на Генералното собрание на ОН не присуствуваат лидерите на американските ривали Кина и Русија и сојузниците Велика Британија и Франција.
Тие земји се претставени со високи функционери, што значи дека САД се единствената постојана членка на Советот за безбедност на ОН чијшто највисок лидер, претседателот Џо Бајден е присутен, јавува Гласот на Америка.