Специјалното државно обвинителство потврди дека е уапсен поранешниот директор на Полициската управа, Веселин Вељовиќ, против кого заедно со уште три лица е поднесена кривична пријава „поради сомнение дека ги сториле кривичните дела создавање криминална организација, злоупотреба на службената положба и криумчарење.
„Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство ги лиши од слобода В.В и М.Н., а против нив поднесе кривична пријава како и против А.М. и Н.М., по кои се трага“, се вели во краткото соопштение од Специјалното обвинителство.
Наведено е и дека на апсењето му претходело полициски претрес на станови и други простории на осомничениот.
„Против нив се собрани докази и во соработка со Агенцијата на Европската Унија за соработка на органите на прогонот – ЕВРОПОЛ“, се вели во соопштението потпишано од портпаролот Вукас Радоњиќ, во кое се додава дека активностите на Специјалното обвинителство и полицијата ќе продолжат и во наредните денови.
Претходно Специјалното обвинителство соопшти дека врши претреси на станови на повеќе лица во Подгорица, Никшиќ, Жабљак и Мојковац. Пред зградата на СЈО каде треба да биде донесен Вељовиќ чекаат бројни новинарски екипи.Вељовиќ беше директор на Полициската управа, по осамостојувањето на Црна Гора, од 2007 до 2011 година и од средината на 2018 до крајот на 2020 година.
Видете и ова: Црна Гора и по шест години не затвори ниту едно поглавје со ЕУПомеѓу тие два мандата беше советник на тогашниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ во областа на безбедноста и одбраната, а за време на владата на Мило Ѓукановиќ од 2014 година беше и секретар на Советот за национална безбедност.
Од крајот на 2020 година, по смената на власта во Црна Гора, тој беше советник за безбедност и одбрана на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ до 20 мај годинава. Ѓукановиќ загуби на претседателските избори во април годинава.
На крајот на деведесеттите, за време на политичките превирања меѓу црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и црногорскиот претседател Момир Булатовиќ, кој му беше лојален на тогашниот претседател на Сојузна Република Југославија, Слободан Милошевиќ, Вељовиќ во јануари 1998 година, го спречи обидот за окупација на владините згради од страна на приврзаниците на Булатовиќ.
Медиумите долго време ја доведуваат во прашање неговата улога во прогонот на Бошњаците од страна на српските паравоени сили во раните 1990-ти од селото Буковице на северот на Црна Гора, во смисла дека црногорската полиција не го заштитила локалното население. Тој ги отфрли ваквите обвинувања, тврдејќи дека полицијата овозможила мир во Плевља.