Лукашенко не се појави на Денот на знамето среде гласините за неговото здравје

Лукашенко на парадата по повод 9 мај во Москва

Авторитарниот лидер на Белорусија Александар Лукашенко не присуствуваше на Денот на државното знаме, грбот и химната во недела, 14 мај, поради гласините за неговото лошо здравје.

На настанот во Минск, белорускиот премиер Раман Халучанка прочита говор во име на Лукашенко.

Според неофицијални информации, Лукашенко се пријавил во болница во Минск на 13 мај.

Видете и ова: Лукашенко до Шојгу - на Белорусија ѝ се потребни безбедносни гаранции од Русија

Официјални изјави за неговото здравје не се објавени, но тој се појави на неколку јавни настани во изминатите три недели.

Лукашенко присуствуваше на прославата на Денот на победата на 9 мај во Москва, каде наводно не изгледал добро, а на десната рака му се гледал завој, јавува Радио Слободна Европа na англиски јазик.