Зеленски нема да се обрати на Евровизија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Одбиено е барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се обрати на Евровизија, соопшти денеска Европската радиодифузна унија, која го надгледува Изборот за песна на Евровизија.

Во соопштението е наведено дека причината е во „неполитичката природа на натпреварот“ и дека овој принцип ја забранува можноста за давање политички или слични изјави како дел од натпреварот

„Евровизија е меѓународно забавно шоу и се води од строги правила и принципи кои се воспоставени од самиот почеток. Дел од тоа е дека натпреварот нема политички карактер. Овој принцип ја забранува можноста за објавување политички или слични најави за време на самиот настан“, се наведува во соопштението“, се вели во соопштението на ЕБУ.

Видете и ова: Евровизија ja избра Британија да биде домаќин во 2023 година наместо Украина

Украина која е минатогодишниот победник, не беше во можност да биде домаќин на овогодинешниот настан поради инвазијата на Русија.

Во соопшението е наведено дека украинската култура е претставена на натпреварот, кој се одржува во Ливерпул, Англија. Финалето е на 13 мај.

Минатата година украинскиот оркестар Калуш победи на 66-та Евровизија, одржана во мај во Италија. Русија беше исклучена од натпреварот поради нејзината непредизвикана војна против Украина.