САД и Јужна Кореја постигнаа клучен договор за нуклеарно оружје

Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама на САД Џил Бајден ги поздравуваат јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и неговата сопруга Ким Кеон Хи додека пристигнуваат на државна вечера во Белата куќа во Вашингтон, на 26 април 2023 година.

САД и Јужна Кореја постигнаа важен договор за да се спротивстават на севернокорејската нуклеарна закана.

Вашингтон се согласи периодично да распоредува американски подморници со нуклеарно вооружување во Јужна Кореја и да го вклучи Сеул во своите операции за нуклеарно планирање, објави денеска Би-Би-Си.

За возврат, Јужна Кореја се согласи да не развива сопствено нуклеарно оружје.

Декларацијата од Вашингтон ќе ја зајакне соработката меѓу сојузниците за одвраќање на севернокорејски напад, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Расте загриженоста на двете страни за нуклеарната закана што ја претставува Северна Кореја. Пјонгјанг развива тактичко нуклеарно оружје што може да ја таргетира Јужна Кореја и го усовршува своето оружје со долг дострел што може да стигне до копното на САД.

Видете и ова: Северна Кореја тестирала прва балистичка ракета на цврсто гориво

САД веќе имаат договорна обврска да ја бранат Јужна Кореја, а претходно ветија и дека ќе користат нуклеарно оружје доколку е потребно.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, кој беше во Белата куќа во државна посета, рече дека Декларацијата од Вашингтон ја означува несомнената посветеност на САД да ја подобрат одбраната, да ги одвратат нападите и да ги заштитат американските сојузници од употреба на нуклеарно оружје.

Новиот договор е резултат на преговорите што се водеа во текот на неколку месеци, изјави висок претставник на администрацијата.

Според новиот договор, САД ќе ги направат своите одбранбени обврски повидливи со испраќање нуклеарна подморница во Јужна Кореја за прв пат по 40 години, заедно со други стратешки средства, вклучително и бомбардери со нуклеарно вооружување.

Двете страни, исто така, ќе развијат Нуклеарна консултативна група за да разговараат за прашањата за нуклеарното планирање.

Видете и ова: Јапонија ќе собори севернокорејски сателит ако падне на нејзина територија

Политичарите во Сеул долго време бараа Вашингтон повеќе да ги вклучи во планирањето, како и кога да се користи нуклеарно оружје против Северна Кореја.

Како што нуклеарниот арсенал на Северна Кореја растеше по големина и софистицираност, Јужнокорејците станаа претпазливи.

Стравувањата дека Вашингтон може да го напушти Сеул доведоа до повици до Јужна Кореја да развие сопствено нуклеарно оружје.

Но, во јануари, Јун го вознемири Вашингтон кога стана првиот јужнокорејски претседател кој ја врати идејата на маса во последните децении.

Ова ги поттикна САД дека ако сакаат да ја одвратат Јужна Кореја да гради свои бомби, мора да понудат нешто конкретно.

Јун сега се враќа дома со постигнат „опиплив“ напредок, забележува Би-Би-Си.