Грузиската полиција синоќа употреби солзавец за да ги растера демонстрантите собрани пред зградата на парламентот во центарот на Тбилиси, откако претходно им нареди да си заминат, а тие не послушаа.
Француските медиуми пренесуваат дека претходно полицијата употребила водени топови за да се обиде да ја исплаши толпата.
GEORGIA-POLITICS/
Демонстрантите се противат на контроверзниот закон за „странски агенти“, што според критичарите е насочен кон медиумите и невладините организации.
Протестите на 8 март, во кои учесниците носеа грузиски и знамиња на ЕУ и скандираа против законот, се случија еден ден по судирите меѓу полицијата и активистите кои резултираа со десетици апсења и повредени.
Судирот се случи кога пратениците го поддржаа контроверзниот предлог-закон за „странски агенти“ на прво читање, за кој критичарите велат дека ќе и наштети на слободата на печатот и ќе ја турне земјата кон авторитаризам.
Министерството за внатрешни работи на 8 март соопшти дека во врска со судирите се приведени вкупно 77 демонстранти кои се обвинети за помал хулиганизам и непочитување на барањата на органите на прогонот. Се додава дека е покрената истрага за насилството.