Два американски авиони ловци пресретнаа четири руски авиони во близина на Алјаска, соопшти Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД). Тоа „рутинско“ пресретнување на руски авиони, модели на бомбардери Ту-95 и ловци Су-35, се случи пред два дена, се вели во соопштението на НОРАД. Тоа е операција за следење на потенцијално ривалски авион за кој се смета дека е премногу блиску или навлегол во воздушниот простор на една земја. „Руските авиони останаа во меѓународниот воздушен простор и не влегоа во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор“, се вели во соопштението. Се додава дека ваквата руска активност се случува редовно и дека „тоа не се смета за закана или провокативна активност“.
Видете и ова: Сензорски делови од соборениот кинески балон пронајдени во САДАмерикански борбени авиони имаа можност да спроведат ретки офанзивни воздушни акции во февруари кога соборија кинески балон, за кој Вашингтон верува дека бил шпионски, кај источниот брег на САД и три други летечки објекти.