Поранешниот папа Бенедикт е во „стабилна“ состојба, соопшти во петокот Ватикан, поради континуираната загриженост за здравјето на 95-годишниот поранешен поглавар на Католичката црква.
„Бенедикт имаше мирна ноќ и во четвртокот попладне учествуваше на миса што се одржа во неговата соба, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.
„Во моментов неговата состојба е стабилна“, додаде тој.
Видете и ова: Папата Франциск во божиќното обраќање повика на крај на војната во УкраинаБенедикт е згрижен во поранешен манастир во Ватикан, каде што живее од 2013 година, кога стана првиот папа по пауза од околу 600 години што поднесе оставка наместо доживотно да владее.
Папата Франциск во средата откри дека здравјето на Бенедикт сериозно се влошило, кога рече дека неговиот претходник е „многу болен“. Тој повика на посебни молитви за Бенедикт.