Русија наскоро ќе усвои закон со кој на странците им се забранува да користат сурогат мајки од оваа земја, изјави претседателот на Долниот дом на парламентот, Вјачеслав Володин, на 27 ноември, Денот на мајката.
Платеното сурогат мајчинство е легално во Русија, но оваа практика беше критикувана од религиозните групи како комерцијализирање на раѓањето деца.
Видете и ова: Русија изгубила 510.000 жители за една година„Мора да се направи сè за заштита на децата со забрана на странците да ја користат услугата за сурогат мајчинство“, објави Володин на Телеграм.
Тој рече дека околу 45.000 бебиња родени од сурогат мајки биле однесени во странство во изминатите неколку години. Новата одлука најави дека ќе биде донесена на почетокот на декември.
„Трговијата со деца е неприфатлива“, додаде тој.