Нехамер: Австрија го поддржува влезот на Хрватска во шенген зоната

Aвстрискиот канцелар Карл Нехамер

Австрија ќе го поддржи членството на Хрватска во шенген зоната, изјави денеска во Загреб австрискиот канцелар Карл Нехамер, откако неговиот министер за внатрешни работи претходно се спротивстави на проширувањето на шенген зонатаи изрази загриженост дека Виена ќе го блокира пристапот на Хрватска од првиот ден на следната година.

„За трите земји ќе се гласа поединечно и само Бугарија и Романија можат да се плашат од австриското вето. Ќе го поддржиме пристапот на Хрватска во шенген зоната, но ќе бидеме критични кон напорите на Бугарија и Романија “, изјави Нехамер по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Видете и ова: Европскиот парламент го поддржа влезот на Хрватска во Шенген

Нехамер посочи и дека во Австрија забележан е влез на околу 100.000 мигранти од кои 75.000 претходно не биле регистрирани во ниту една земја-членка на ЕУ. Тој посочи голем број илегални мигранти влегле преку Романија и Бугарија.

Земја која сака да биде дел од Шенген зоната мора да може целосно да го имплементира Шенгенскиот кодекс и целосно да ги контролира копнените, морските и воздушните граници на ЕУ.

Хрватска е најмладата членка на ЕУ, која се приклучи во јули 2013 година. Романија и Бугарија, кои се приклучија на европскиот блок во 2007 година, се уште чекаат бидејќи не ги исполнија сите потребни услови за испраќање на дел од зоната без граници во ЕУ.