Група руски пратеници претставија предлог-закон со кој се забранува посвојување руски деца од граѓани од т.н. непријателски земји. Нацрт-законот се појави на веб-страницата на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, на 1 август. Во документот, кој е приложен кон Предлог-законот за изменување и дополнување на рускиот закон за семејство, се наведува дека „одгледувањето (руски) сираци во непријателски земји е удар за иднината на нацијата“.
„Долги години 'колективниот Запад' ги вознемирува прашањата за доброто и злото, уништувајќи ги традиционалните семејни вредности“, се наведува во документот и се посочува дека од јануари 2021 година, 17.498 руски сирачиња живеат во странство со семејства посвоители.
Видете и ова: Русија ги додаде Хрватска, Данска, Грција, Словачка и Словенија на листата на „непријателски земји“Се чини дека овој потег го прошири законот познат како Акт Дима Јаковлев, потпишан од претседателот Владимир Путин во декември 2012 година, за забрана на американските државјани да посвојуваат руски деца, пишува англискиот сервис на Радио Слободна Европа.
Законот беше усвоен како одмазда за американскиот закон со кој се наметнуваат замрзнувања на имот и визи за Русите обвинети од Вашингтон за кршење на човековите права, вклучително и оние за кои се верува дека се вмешани во смртта на Сергеј Магнитски, руски адвокат и свиркач кој помогнал во откривањето на кражбата на речиси 230 милиони долари од руската влада преку лажни даночни поврати.