Украина подготвена за испорака на житото од Одеса, се чека датум

Фотографија од силосите за жито во пристаништето во Одеса, Украина

Украина е подготвена да започне со испорака на жито од две пристаништа на Црното Море според договорот со посредство на Обединетите нации, но сè уште не е одреден датум за првата пратка, изјави во петокот украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков. Тој за новинарите во јужното пристаниште Одеса изјави дека 17 бродови запленети од руската петмесечна блокада на пристаништата на Црното Море во Украина веќе биле натоварени со жито, а уште еден се товари.

Видете и ова: Украина тврди дека сириски брод со украден јачмен стигнал во Либан

Тој се надева дека првите бродови ќе почнат да го напуштаат пристаништето до крајот на оваа недела.

Русија и Украина се главните светски добавувачи на пченица, а договорот што го потпишаа во Истанбул минатата недела има за цел да ја олесни меѓународната криза со храна, влошена со руската инвазија на нејзиниот сосед во февруари.