Украина тврди дека сириски брод со украден јачмен стигнал во Либан

илустрација

Украинската амбасада во Либан тврди дека сириски брод под американски санкции пристигнал во земјата со товар украден јачмен. Амбасадата соопшти дека бродот „Лаодикеја“ се закотвил во пристаништето Триполи, вториот по големина либански град. Бродот е под американски санкции од 2015 година поради неговите врски со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад. Не е познато зошто бродот се наоѓа во Либан и дали таму го истоварил својот товар.

Украина ќе продолжи да го спроведува договорот за жито и покрај нападот врз Одеса

Украинскиот амбасадор Ихор Осташ претходно се сретна со либанскиот претседател Мишел Аун и го предупреди дека купувањето на стоки украдени од Русија „ќе им наштети на билатералните односи“, соопшти Амбасадата на Украина во Либан. Украина претходно ја обвини Русија дека краде жито и челик од нејзина територија. Украинската амбасада во Бејрут не соопшти детали за наводно украдениот јачмен.