Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од денеска ќе престојува во дводневна посета на Азербејџан. Тој во Баку ќе има средба со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и ќе разговара за натамошното спроведување на Договорот за сојузнички односи меѓу Русија и Азербејџан од 22 февруари. Во Москва е најавено дека ќе бидат допрени и прашања за спроведување на трилатералните изјави од 10 ноември 2020 година, 11 јануари 2021 година и 26 ноември 2021 година, како и регионални прашања.
Лавров и Чавошоглу за испораките на жито од Украина
Лавров ја посети Ерменија на 9 јуни, каде што станало збор за спроведувањето на овие договори. И покрај тврдењата за напредок во преговорите, Баку и Ереван инсистираат на тоа дека има сериозни несогласувања во склучувањето на мировниот договор и почетокот на процесот на демаркација на границата.