Вооружен инцидент долж киргистанско- таџикистанската граница

Протест во Бишкек, Киргистан поради тензиите со Таџикистан

Вооружен инцидент долж киргистанско- таџикистанската граница се случи денеска. Киргистанската гранична служба соопшти дека инцидентот настанал со пукањето од огнено оружје избувнало долж нестабилната граница со Таџикистан.

Во соопштението е наведено дека киргистанските офицери морале да отворат оган откако таџикистанските граничари пукале на киргистанската страна, вклучително и користејќи минофрлач, како одговор на наредбата да се повлечат од територијата на Киргистан во која наводно влегле во Булак -Башиски округ во јужниот регион Баткен.

Киргистанското Министерство за здравство соопшти дека двајца киргистански граничари се ранети, додавајќи дека еден од нив е во тешка состојба.

Таџикистанските власти се уште не коментираат официјално за последниот инцидент со пукање долж спорните сегменти на границата, каде што ваквите инциденти станаа редовни настани во последниве години.

Четворица новинари на РСЕ нападнати по антивладините протести во Таџикистан

Ситуацијата е особено комплицирана во близина на бројните ексклави во нестабилната долина Фергана, каде што се спојуваат границите на Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.

Скоро половина од киргистанско-таџичката граница долга 970 километри допрва треба да биде демаркирана, што доведе до повторени тензии откако двете земји стекнаа независност пред три децении.

Во април, таџикистански граничен чувар почина од раните што ги здоби во престрелка, додека двајца киргистански граничари и четворица киргистански цивили беа ранети.

Во април 2021 година, во судирите во кои учествуваше воен персонал долж границата меѓу Таџикистан и Киргистан, загинаа десетици луѓе од двете страни.