Уапсен руски државјанин во Полска за шпионажа

Илустрација

Полското обвинителство објави дека уапсило руски државјанин под сомнение дека на барање на руската разузнавачка служба собирал информации за полските воени единици, нивните залихи и членови на персоналот.

На осомничениот, чиј идентитет не е откриен, му е одреден тримесечен притвор, но нема повеќе детали за случајот.

Портпаролот на министерот-координатор за разузнавачки служби Станислав Зарин изјави дека осомничениот е уапсен на 6 април и дека му се заканува казна затвор до десет години доколку биде прогласен за виновен за шпионажа.

Според веб-страницата Samorzadovi, осомничениот живее во Полска веќе 18 години и има бизнис во таа земја.