Денеска во Босна и Херцеговина се одбележува 30 годишнина од почетокот на војната во 1992 година во која беа убиени десетици илјади луѓе. 6 април е датумот на кој тогашната Европска заедница и ја призна независноста на БиХ од Југославија, по што Сараево осамна под опсадата од страна на трупите на босанските Срби. Војната траеше четири години.
Силите на босанските Срби потпомогнати од Србија окупираа 70 проценти од земјата. Во опсадата на Сараево која започна на 6 април 1992 година, околу 380.000 луѓе останаа без струја, вода или греење. Многумина од оние кои загинале за време на опсадата - вклучувајќи и стотици деца - беа убиени од снајперисти.
Босанскиот конфликт заврши во 1995 година со Дејтонскиот мировен договор. Договорот стави крај на борбите, но остави нација силно поделена по етнички линии.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Преживеаните од Сараево за сличностите со војната во Украина