Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус изрази загриженост за здравствените услуги, бидејќи сојот омикрон на коронавирусот „продолжува да го зафаќа светот“. Говорејќи за време на брифингот во Женева, д-р Гебрејезус рече дека имало 18 милиони нови случаи на ковид-19 пријавени во минатата недела. „Бројот на починати засега останува стабилен. Но, ние сме загрижени за влијанието што омикрон го има врз веќе исцрпените здравствени работници и преоптоварените здравствени системи“, додаде тој.
Рекордни 2 269 новозаболени со ковид-19 и 13 починати лица
Тедрос изјави дека иако во некои земји се чини дека врвот на ормикон бранот поминал, „сè уште ниту една земја не е надвор од опаснос“. Тој изрази загриженост за оние кои сè уште не биле вакцинирани ширум светот и повика на поголема дистрибуција на вакцини. „Загрижен сум дека доколку не го промениме сегашниот модел, ќе влеземе во втора и уште подеструктивна фаза на нееднаквост во вакцините“, изјави тој.
Кина предупредува на пренос на омикрон преку пошта од странство
Неговите коментари следат по оние на шефот за итни случаи во Светската здравствена организација, д-р Мајкл Рајан, кој изјави дека најлошото од пандемијата на коронавирус може да заврши оваа година доколку брзо се решат огромните нееднаквости во вакцините и лековите.