Во изминативе 24 часа се евиденирани рекорден број од 2 269 нови случаи на новозаболени со ковид-19 од направени 7.038 тестови. Најголем број на новозаразени се забележани во Скопје и нивниот вкупен број за еден ден изнесува 1.169, потоа во Битола – 183, и Прилеп – 165. Од вкупниот број на позитивни 2.269 случаи, регистрирани се 310 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје, 3 од Струмица, 2 од Кавадарци и по едно починато лице од Куманово, Струга и Охрид. Пријавените лица се починати во болнички услови.
Според Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од Мој Термин, пријавени се дополнителни 11 починати лица во период од 03-16.01.2022.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 247.663, бројот на оздравени пациенти е 222.306, на починати е 8.139, а бројот на активни случаи изнесува 17.218.