ХРВ: Талибанците воведуваат построги правила во провинциите

Илустрација

Меѓународната организација за човекови права Хјуман рајтс воч (ХРВ) наведува дека талибанските функционери во авганистанските провинции наметнуваат уште построги правила од оние што во Кабул ги најавија лидерите на групата, а дека честопати се игнорира слабата заштита на човековите права што самите ја поставија.

Имено, како што се наведува во соопштението на Хјуман рајст воч, талибанците минатата година издале подзакон, а потоа во февруари годинава и ревидирана верзија додека ја прошируваа својата контрола врз поголеми области на Авганистан.

Министерството за пороци и доблест на Талибанците го користеше подзаконскиот акт во голем број провинции откако талибанците го презедоа Кабул во август.

Видете и ова: Талибанците го ограничија студирањето на жените во Авганистан

Групата со седиште во Њујорк рече дека одредбите од прирачникот се во целосна спротивност со обидите на талибанците на светот да му прикажат поумерена и попријатна слика за правата додека се обидуваат да добијат признание и многу потребната помош.

„Талибанците се обидоа да го уверат светот дека ги почитуваат човековите права, вклучително и правата на жените и девојчињата“, рече Хедер Бар, придружна директорка за женски права во Хјуман рајтс воч.

„Но, правилата што ги упатуваат нивните службеници се крпеница од навредливи политики кои спроведуваат родова и ЛГБТ дискриминација и сурова репресија на автономијата и слободното изразување“.