Првите позитивни тестови на атлетичари пред почетокот на Олимписките игри

Пет атлетирачи кои пристигнале во Токио за Олимписките игри се позитивни на ковид-19 и се сместени во посебен објект за карантин. Организаторите на Олимписките игри во Токио ги објавија првите информации за инфекции меѓу спортистите кои ќе учествуваат во игрите.

На помалку од една недела пред почетокот на Олимписките игри, расте загриженоста за тоа како организаторите ќе се справат со приливот на спортисти, помошен персонал и друг персонал од странство и при тоа да не дозволат ширење на ковид-19 во време на пандемија.

Организаторите велат дека од 1 јули 55 лица поврзани со Олимпијадата пријавиле дека имале позитивни тестови на ковид-19. Десетици други спортисти и помошен персонал беа принудени да изолираат откако дојдоа во можен контакт со некој заразен со вирусот. Во Олимпиското село ќе се сместат 11.000 олимписки спортисти и илјадници други придружни вработени.

Олимпијадата требаше да се одрѓи лани во Токио, но беше одложена за една една година поради пандемијата. Олимпијадата започнува на 23 јули, без публика и за време на вонредна состојба во Токио и три соседни префектури.