Хашкиот трибунал со пресуда за екс шефови на српската служба за државна безбедност

Франко Симатовиќ и Јовица Станишиќ

Меѓународниот суд во Хаг денеска ќе донесе првостепена по повторното судење на поранешните шефови на Службата за државна безбедност (СДБ) на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, обвинети за злосторства против несрпското население во БиХ и Хрватска. Станишиќ и Симатовиќ, кои беа привремено ослободени во Србија, беа вратени во судскиот притвор во Шевенинген на 24 јуни. Бранителите побараа Станишиќ и Симатовиќ да бидат ослободени, бидејќи нивната вина не е докажана.

Ратко Младиќ правосилно осуден на доживотен затвор

Според обвинението, Станишиќ и Симатовиќ биле протагонисти на заедничкиот злосторнички потфат, предводен од српскиот претседател Слободан Милошевиќ, чија цел била да се воспостави доминација на Србите во делови на Хрватска и БиХ со насилно и трајно отстранување на несрпското население. Според обвинителите, Станишиќ и Симатовиќ дадоа „смртоносен придонес“ во тој потфат преку „специјалните единици“ на српската СДБ кои извршија злосторства во Хрватска и БиХ.