Пожар во ковид- болница во Багдад, најмалку 23 жртви

Болницата во Ирак зафатена од пожар

Најмалку 23 лица загинаа во пожарот што избувна во болница во Багдад, каде се лежеле паценти заразени со ковид-19. Пожарот избувнал откако експлодирале боци со кислород во болницата, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на медицински извори.

Во пожарот се повредени уште 40 лица.

Шефот на единицата за цивилна одбрана во Ирак, генерал-мајор Кадим Бохан, рече дека пожарот избувнал на катот каде е сместен одделот за пулмонална интензивна нега во болницата Ибн ал-Хатиб.
Пожарникарите успеале да спасат 90 лица, од вкупно 120 колку што имало, рече Бохан.

Ирак се бори со тежок ковид-бран. Дневно има просечно по 8.000 нови случаи, што е највисоко од почетокот на пандемијата.

На 23 април, исто во пожар во ковид болница, но овојпат во Индија, загинаа 13 пациенти со ковид-19.