Бурни реакции по предлог планот на Георгиевски за односите со Бугарија

Архивска фотографија, поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевскки

Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук понуди план за излез од спорот со Бугарија. Според неговиот план, составен од пет точки, потребно е да ѝ се дадат гаранции на Бугарија дека Македонија нема апсирации кој Пиринскиот дел. Тој предлага промена на стратегијата за историјата и конечно, како што вели, решавање на проблемот со јазикот. Неговиот предлог акциски план предизвика серија политички реакции.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека премиерот Зоран Заев преку Љубчо Георгиевски пушта пробен балон.

„Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во кореспонденцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја посебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација. Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие обвинуваат и дека преку Георгиевски, сака испраќа порака дека ќе се откаже од македонското малцинство во Бугарија.

Захариева: Лага е дека Бугарија го оспорува македонскиот идентитет

Од друга страна, пак, СДСМ се изјасни дека нивните ставови се различни од оние на Георгиевски. Тие тврдат дека де отворени за дијалог, но за идентитетот не се преговара.

„Остануваме отворени за дијалог за изнаоѓање на решение меѓутоа повторувам уште еднаш Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се тема на разговор. Нити се разговарало, нити во иднина ќе се разговра на оваа тема. Ставовите на господинот Георгиевски се негови лични ставови со којшто ние апсолутно немаме никакви допирни точки“, изјави пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска.

Содржината на акцискиот план со Бугарија засега непозната

Реакција пристигна и од Бугарија. Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ги пофали предлозите на Георгиевски, посочувајќи дека за него тие се добар почеток.