Вршителот на должноста американски секретар за одбрана Кристофер Милер издаде соопштение во кое се вели дека му наредил на американскиот носач на авиони Нимиц „да го запре рутинското прераспределување“, повикувајќи се на заканите, за кои рече дека биле „издадени од ирански лидери против претседателот Трамп и други претставници на американската влада“. Њујорк Тајмс претходно објави дека Нимиц, кој патролирал во водите на Заливот од крајот на ноември, се враќа дома. Американски официјални лица цитирани од „Тајмс“ изјавија дека враќањето на бродот беше дел од сигналот до Техеран да се избегне конфликт во последните денови на функцијата Трамп.
Американски бомбардери во предупредувачки летови над Персискиот залив
Но, Милер во изјавата јасно стави до знаење дека бродот ќе остане во Заливот. Неговата изјава дојде на првата годишнина од нападот со беспилотното летало во близина на аеродромот во Багдад кога, меѓу другите загина иранскиот генерал Касем Солеимани. Вчера, илјадници луѓе учествуваа во поворката во Багдад по повод првата годишнина од неговото убиство. „Не за Америка“, „Одмазда“ извикуваа припадници на проиранските ирачки паравоени сили.