ДКСК на затворена седница ќе отвора предмети од „свиркачи“

Антикорупциска комисија / ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 44-та седница ќе отвори и ќе почне да постапува по повеќе предмети оформени по пријави од укажувачи, популарно наречени свиркачи, согласно Законот за заштита на укажувачите.

Директорката на ДКСК, Билјана Ивановска, на почетокот на седницата информираше дека овој дел од заседавањето ќе биде затворен за јавноста.

„Втората точка се однесува на постапување по предмети оформени од укажувачи согласно Законот за укажувачи и ќе ги замилам новинарите по завршување на првата точка да се исклучат. Поради законските одредби за заштита на укажувачите, овие точки ќе ги поминеме на затворена седница“, изјави Ивановска.