40 години од убиството на Џон Ленон

Џон Ленон во Њујорк, 12.05.1972 година.

Џон Ленон и неговата сопруга Јоко Оно пред музичкото студио „Хит Фактори“ во Њујорк на 22 август 1980 година. Ленон беше убиен на 8 декември 2020 година кога се враќаше дома од снимање со неговиот сопругата Јоко Оно, пред станбената зграда  Дакота.
 

На оваа фотографија од 9 декември 1980 година, Јоко Оно и продуцентот и Дејвид Гефен ја напуштаат болницата Рузвелт во Њујорк по смртта на нејзиниот сопруг Џон Ленон.

Полицијата пред станбената зграда Дакота, понеделник, 8 декември 1980 година откако  Ленон беше застрелан и убиен. Дупки од куршуми се гледаат во стаклото во вратата.

Осомничен за убиството е пренесен во полициска станица, вторник, 9 декември 1980 година.

На сликата од полицијата, објавена на 9 декември 1980 година, е прикажан убиецот Џон Ленон, Марк Дејвид Чепмен. Чепмен истрела пет куршуми, погодувајќи го Ленон четири пати пред неговата сопруга Јоко Оно на 08 декември 1980 година. Тој во 1981 година доби казна  затвор откако се изјасни за виновен за убиство од втор степен .

Полицијата ги задржува гледачите пред зградата Дакота  на 9 декември 1980 година. 

Продавница за плочи во Њујорк со албумите на Битлси, 9 декември 1980 година, еден ден откако Џон Ленон беше застрелан и убиен пред неговата станбена зграда.

Околу 400 луѓе со свеќи, се собраа во спомен на Џnон Ленон, вторник, 10 декември 1980 година. Многумина пееја мелодии поврзани со Ленон и Битлси.

На оваа фотографија од 14 декември 1980 година, луѓето учествуваа во оддавањето почит на убиениот музичар Ленон, во Централ парк во Њујорк.

На оваа фотографија од 14 декември 1980 година, една жена плаче за време на десетминутното тивко бдение за Џон Ленон одржано пред црква во Бостон. Се проценува дека толпа од 2.000 луѓе дошла во чест на поранешните Битлси.

На оваа фотографија од 14 декември 1980 година, луѓето ја блокираатт улицата кај Централ Парк во Њујорк, веднаш пред станбената зграда Дакота, во која живееше Џон Ленон.

Жена утешува маж кој плаче, на 14 декември 1980 година, во Сиетл, кога двајцата учествуваа на настан во спомен на Џон Ленон.

Средношколец од Такома, носи знак на комеморацијата за Ленон во Сиетл,  14 декември 1980 година.

Голема толпа се собира во Централ Парк да му оддаде последна почит на убиениот музичар Џон Ленон, 14 декември 1980 година.

Јоко Оно, вдовицата на Џон Ленон за време на церемониите во Централ парк, 21 март 1984 година, Њујорк.

Голема група на обожаватели се собираат во Централ Парк во Њујорк, на 8 декември 1990 година, за да ја одбележат десетгодишнината од смртта на Џон Ленон. Во позадина е станбената зграда Дакота, во која Ленон живееше со своето семејство.

Фотографија  објавена од Државниот оддел за воспитни служби во Њујорк од 28 јули 2010 година во затворот Атика, го покажува Марк Дејвид Чепмен, кој беше осуден за убиство на Џон Ленон на 08 декември 1980 година. Во 2020 година на Чепмен му беше одбиено барањето за условна слобода н по единаесетти пат. Неговото дванаесетто рочиште за условен отпуст е закажано за август 2022 година.

Пиштолот што го употреби Марк Дејвид Чепмен за убиството на Џон Ленон, изложен во мал музеј во одделот за судска истрага на полицискиот оддел во Њујорк,  8 декември, 2015 година.

Меморијалот за покојниот поранешен Битлс Џон Ленон се гледа на мозаикот „Imagine“ во Централ Парк, по повод 80-от роденден на Ленон, Њујорк, САД, 9 октомври 2020 година.