Полицијата апси на антивладините протести во Белорусија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Апсењата на демонстрантите продолжија во главниот град на Белорусија, Минск, на 22 ноември. Безбедносните сили ги блокираа рутите, додека демонстрантите се собраа во помали групи на периферијата на Минск и тргнаа кон центарот на градот. Со Белорусија управува авторитарниот Александар Лукашенко, кој победи на претседателските избори на 9 август, кои беа проследени со нерегуларности. Протестите продолжуваат уште од спорните избори и покрај полициската акција.