Во Иран над 30.000 починати од Ковид-19

Илустративна фотографија.

Иран денеска соопшти дека бројот на жртви од коронавирусот во земјата надминал 30.000 случаи.

Во објавата на портпаролката на Министерството за здравство Сима Садат Лари, е наведено дека вкупниот број на смртни случаи во Иран од почетокот на пандмијата е 30.123, со 253 нови смртни случаи кои се додадени во вкупната пресметка во изминатите 24 часа.

Лари рече дека 4.721 пациент со коронавирус е во кртична состојба.

Иран се бори да го забре ширењето на коронавирусот, откако во февруари го објави првиот случај на заразен, по што досега во земјата потврдени се повеќе од 526.000 случаи.

Се верува дека реалните бројки во најтешката епидемија на Блискиот Исток се значително повисоки.

Заменик министерот за здравство Ирај Харирчи, кој беше позитивен на вирусот во март, за државната телевизија изјави дека вистинската бројка на смртни случаи во земјата се проценува дека е двојно повисока од пријавените податоци.

Во последните две недели Иран се соочува со рекорден број на инфекции и смртни случаи од Ковид-19, предизвикувајќи зголемена загриженост дури и кога владата продолжува да се спротивставува на целосно затворање од страв за последици врз економијата која е под интензивен притисок поради санкциите од САД.

Минатата недела, иранските власти објавија забрана за патување кон и од пет големи градови, вклучително главниот град Техеран.