Нови ЛЕД светла на Акропол

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Античките храмови на Акропол во Атина беа осветлени во средата вечерта со нов систем за осветлување кое штеди енергија. ЛЕД уредите за осветлување треба да го намалат таканреченото светлосно загадување. Грчката претседателка Катерина Сакелариу и премиерот Киријакос Мицотакис го пуштија новиот систем за осветлување Партенонот. Според соопштението на Министерството за култура, ова е прв од низата проекти насочени кон надградба на инфраструктурата и услугите на Акропол, финансирани од фондацијата Оназис.