Циханускаја формира кабинет во сенка

Белорускиот опозициски лидер Свјатлана Циханускаја

Белорускиот опозициски лидер Свјатлана Циханускаја започна со создавање на кабинет во сенка. Нејзините приврзаници тврдат дека таа победи на претседателските избори во земјата, но дека Александар Лукашенко ги украл резултатите. По изборите Циханускаја се засолна во Литванија.

Лукашенко самиот во тајност на 23 септември, даде заклетва како претседател на Белорусија предизвикувајќи бес во земјата и во странство.

Помошниците на Циханускаја денеска за опозицискиот канал Телеграм рекоа дека познатиот адвокат за човекови права Хари Паханјајла, кој брани многу познати десни активисти и новинари во Белорусија, е претставник на Циханускаја за прашањата на човековите права, додека економскиот експерт Алес Алјахнович е назначен за претставник за економски реформи.

Циханускаја вели дека не може повеќе да бидат неактивни и да гледаат како земјата дополнително се дави во кризи, па за да се создадат услови з анови избори треба да се продолжи со обединување на сите демократски сили во белоруското општество.

Циханускаја побегна во Литванија откако избија протести против Лукашенко. Таа одбива да ги признае резултатите на изборите кои се одржаа на 9 август. Демонстрантите побараа оставка од Лукашенка, откако изборните власти го прогласија за победник со нешто повеќе од 80 проценти од гласовите. Лидерите на опозицијата, вклучително и Циханускаја, формираа Координативен совет за олеснување на трансферот на власта. Циханускаја се кандидираше за претседател на местото на нејзиниот сопруг, кој беше уапсен пред изборите.