Рохани: Бахреин и ОАЕ ќе одговараат за договорот со Израел

Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Бахреин и Обединетите Арапски Емирати ќе бидат единствените „одговорни за сериозните последици” од нормализацијата на нивните односи со Израел, јави АФП.

Тој критикуваше „одредени земји во регионот”, чии „лидери не разбираат ништо од религијата и го игнорираат нивниот долг кон палестинската нација”, прашувајќи како можат да се приближат до Израел.

Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп, во Белата куќа потпишаа договор за нормализирање на дипломатските односи.

Претходно договорот го критикуваше и палестинскиот лидер Махмуд Абас, кој рече дека тој договор нема да донесе мир и дека Палестинците и понатаму страдаат.