Полскиот претседател Дуда ќе положи заклетва за втор мандат

Анджеј Дуда

Актуелниот претседател на Полска Анджеј Дуда денеска ќе положи заклетва за втор мандат пред Националното собрание. Седницата на обете комори на полскиот парламент ја свика претседателката на Сејмот, Долниот дом Елжбиета Витек. Првиот претседателски мандат на Дуда му завршува денеска.

1.000 приговори за претседателските избори во Полска

Анджеј Дуда го порази градоначалникот на Варшава, либералот Рафал Тшасковски кој беше кандидат на најголемата опозициска партија, центристичката Граѓанска платформа во вториот круг од претседателските избори на 12 јули, освојувајќи 51,03 проценти од гласовите против 48,97 проценти што ги доби неговиот противник.