Гласачите во Полска денеска треба да изберат нов претседател на државата. Изборот им е меѓу конзервативниот актуелен претседател или либералниот кандидат. Нивната одлука ќе влијае на обликувањето на односите на Полска со ЕУ во наредните години.
Пред вториот круг од претседателските избори, резултатите од анкетите покажуваат дека актуелниот претседател Анджеј Дуда има тенко водство пред неговиот опонент актуелниот градоначалник на Варшава Рафал Тшасковски. Дуда доби поддршка од владејачката десничарска партија и Влада, додека неговиот опоненет е поранешен пратеник во Европскиот парламент и ја претставува најголемата опозициска партија „Граѓанска платформа“. Во првиот круг од изборите Дуда освои 43,4 проценти од гласовите додека Тшасковски.
Речиси 30 милиони граѓани денеска ќе имаат право да излезат да гласаат во над 27 илјади избирачки места со засилени санитарни мерки, а оние кои се во карантин или пак се плашат да гласаат може својот глас да го пратат по пошта.