Избори во Полска- се очекува победа на десничарот Дуда

Полска- луѓе гласаат со заштитни маски во главниот град Варшава, 28.06.2020

Гласачите во Полска почна да излегуваат на гласачките места за да се изјаснат на претседателските избори на кои конзервативниот политичар Анджеј Дуда бара да добие втор пет годишен мандат. Дуда се очекува да победи на денешното гласање, но потежок за него се очекува да биде вториот круг гласање.

Дуда, кој е партнер со владејачката партија на Право и правда, води на повеќето испитувања на јавното мислење. Градоначалникот на Варшава Рафак Трзасковски е главниот негов опонент. Тој настапува со слоганот „да се бориме за силна држава, да се бориме за демократија“.

Според досегашните анкети Дуда би освоил 41 отсто од гласовите, што не е доволно за да победи во првиот круг. Трзасковски има поддршка од 30 отсто, а другите кандидати немаат поддршка поголема од 11 отсто.