Претставничкиот дом го отповика Трамп

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа импичмент за претседателот Доналд Трамп, а процесот продолжува во Сенатот кој треба да реши дали да го обвини и да го отповика од функцијата. 45 претседател на САД е третиот кој ќе биде и формално обвинет за, како што се наведува во Уставот, „висок криминал“. Тој е отповикан за два чина: злоупотреба на моќта и опструкција на Конгресот. Трамп целиот процес го оцени како „лов на вештерки“ од страна на демократите и оцени дека импичментот ќе му помогне да добие втор мандат во наредната година.