28 годишниот Австралиец Брентон Тарант кој е обвинет за нападите врз две џамии во Нов Зеланд при што загинаа 50 луѓе, додека 40 други се ранети не го прифаќа адвокатот што му го додели судот и изјавил дека тој сам ќе се застапува. „Тој е разумен и не личи на некој кој страда од ментална попреченост. Се чини дека разбира што се случува“, изјави Ричард Питерс кој го претставуваше Тарант за време на неговото прво појавување пред судот.
Обвинетиот за нападите во Нов Зеланд ќе се брани сам
28 годишниот Австралиец Брентон Тарант на неговото прво појавување пред судот