Кривична пријава против поранешниот директор за јавни набавки

Jавно обвинителство Скопје

Јавното обвинителство поднесе обвинение против Васе Доневски поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи и Австриецот Волфганг Гампер сопственик на фирмата за чистење, Секјуриком. Обвинителството ги гони за злоупотреба на службената положба. Во 2105 година според обвинителниот акт, Доневски ја фаворизирал фирмата Секјуриком, а со тоа штетата за буџетот е околу 10 милиони евра. Обвинителството бара Доневски да остане во куќен притвор, додека Австриецот Гампер, избега и се бара со меѓународна потерница.