Притвор за Васе Доневски

Архивска фотографија - поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски.

Судија на претходна постапка ги прифати предлозите на Јавното обвинителство за определување на мерка притвор за првоосомничениот Васе Доневски и мерка претпазливост за второосомничениот В.Г., сопственик и управител на Друштвото за обезбедување и услуги „Секјуриком мултисервис интернационал“ ДОО Скопје.

Обвинителството поведе постапка против нив за кривично дело –злоупотрeба на службена положба и овластувања при вршење јавни набавки.

Тие се осомничени дека во 2015 година спровеле тендер во вредност од околу 11 милиони евра за одржување хигиена во владата, на начин со кој ќе се елиминира конкуренцијата.