Човекот што се сомничи дека се обидел да го продаде оригиналниот Дејтонски договор денеска ќе биде испитан во јавното обвинителство во Бања Лука, потврди обвинителството. Жељко Кунтош вчера беше уапсен под сомнение за кривичните дела трговија со влијание и фалсификување или уништување службена исправа. Тој се сомничи дека откако дошол во посед на оригиналниот текст на Дејтонскиот договор на англиски јазик, се обидел да го продаде за 100 илјади конвертибилни марки, односно за околу 50 илјади евра.
Кунтош беше возач, телохранител и еден од најблиските соработници на поранешниот претседател на Народното собрание на Република Српска, Драган Калиниќ.
Босанскиот оригинал на договорот беше пријавен за исчезнат во 2008 година.