Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп денеска ќе го објави долгоочекуваното обраќање за американската политика спрема Иран, вклучувајќи го и ставот за нуклеарниот договор постигнат во 2015 година меѓу САД, другите светски сили и Иран. Со овој договор е ограничена иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на економските санкции врз Техеран. Според некои наводи, Трамп остро ќе го критикува Иран и ќе соопшти дека договорот не ги исполнува американските безбедносни интереси. Притоа тој, како што се наведува, нема да бара повторно воведување санкции врз Иран.
Трамп ќе го објави ставот за нуклеарниот договор со Иран
претседателот на САД доналд Трамп и секретарот за одбрана Џејмс Матис, Вашингтон, 05.10,2017.