Потпретседателот на Соединетите држави Мајк Пенс на 2 август во Подгорица ќе учествува на средбата на високи претставници на земјите членки и на земјите набљудувачи на Јадранската повелба, чиј претседавач оваа година е Македонија. Како што соопшти владината прес-служба, Република Македонија заедно со Црна Гора е и кодомаќин на овој значаен настан. Македонија, заедно со Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина е членка на Јадранската повелба, а Србија, Косово и Словенија имаат статус на земји набљудувачи во групата. Групата Јадранска повелба е формирана под покровителство на САД во 2003 година и има за цел да ги координира активностите за поддршка на земјите аспиранти за членство во НАТО.
Македонија, кодомаќин на потпретседателот на САД Мајк Пенс во Подгорица
Потпретседателот на САД Мајк Пенс